сабота, 27 јули 2024

Дождот можеби утре ќе паузира, но од сабота повторно ќе врне

Денеска во поголемиот дел од Македонија има обилни врнежи. Според УХМР, утре се прогнозира дождот да престане, но од сабота повторно се можни локални врнежи и грмежи, а нестабилно и дождливо време ќе има до средината на идната недела.

Објавено на

часот

Сподели

„Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура, а од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има до средината на следната недела“, соопшти УХМР.

Инаку, утрово до 8 часот според мерењата на УХМР, најмногу дожд наврна во Крива Паланка, а најстудено беше во Крушево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ