сабота, 27 јули 2024

Дождот како пречистувач на воздухот, Скопје на неславната листа е на 36 место во светот

Дождот што упорно врне дејствува како пречистувач на воздухот во Скопје. Во отсуство на какви било мерки од страна на властите, единствено ефикасен се покажа дождот. На специјализираната интернет страница Ервижуал за следење на квалитетот на воздухот во главните и големите градови во светот, Скопје во 16 часот се најде на 36-то место.

Објавено на

часот

Сподели

Деновиве Скопје имаше многу загаден воздух па „пласманот“ на главниот град на Македонија варираше од 12-то до 4-то место во светот на непопуларната табела (на срамот, н.з.) на Ервижуал. Повикувањето на МКД.мк и на други медиуми на оваа интернет страница и инфорамциите за екстремно висока концентрација на ПМ10 и особено на најопасните ПМ2,5 честички, беше повод градската власт да упати демант и да каже дека шириме лажни вести, тврдејќи дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, уште помалку во светот. Градот повика медиумите да користат друга интернет страница.

д

Во тој демант немаше ниту збор какви мерки за заштита на населението ќе бидат преземени. 

И овојпат ја користиме истата интернет страница која има табела заради споредба на загаденоста по градови. На неа попладнево Скопје значително се симна, а Сараево се најде на 40-то место и го престигна Скопје. А неколку денови по ред главниот град на Босна и Херцеговина го дишеше најзагадениот воздух во светот.

Дали е лажна или не информацијата на Ервижуал, не навлегуваме, дилемата му ја препуштаме на Град Скопје. Само се повикуваме, како што на оваа интернет страница се повикуваа и светски медиуми јавувајќи за драматичната состојба во Сараево..

Како и да е, дождот знае да биде корисен на првиот ден од зимата. Делува како пречистувач на воздухот. Ако падне и снег, тоа ќе биде како уште една ефикасна мерка против загадувањето.

Природата се грижи за човекот многу повеќе отколку што човекот се грижи за природата.

                                                                        П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ