И во текот на вчерашниот ден имаше обилни дождови во земјава, па ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив, ниту пак во речните корита.
Инаку, последниот најголем пожар беше во Мариово. Се гаснеше речиси две недели, периметарот на огнот изнесуваше над 100 километри, а должината над 30 километри. Огнот на крајот го изгасна обилен дожд.