среда, 29 мај 2024
Влажен бран и постудено време

Дожд најмногу паднал на Попова Шапка, врнеше и во Куманово, Дебар, Тетово, Крива Паланка…

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал на Попова Шапка, каде според мерењата на УХМР се регистрирани 43 литри на метар квадратен.

Објавено на

часот

Сподели

Врнежи имало и во Куманово – 31 литар, во Дебар – 23, во Крива Паланка –  21, во Пожаране – 16, во Тетово – 12, во Струмица и Гевгелија – 10, во Претор, Охрид и  Виница осум, во Маврови Анови седум, во Крушево пет, во Лазарополе, Штип и Дојран  четири, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Битола два и во Берово и Велес еден литар.

ОД УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ