Според информациите на УХМР, територијата северозападно од Пехчево и Берово беше зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и наместа појава на град.
Југоисточно од Прилеп во планинските предели попладнево имаше нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд , грмежи и појава на град. Северно од Кочани и помеѓу Штип и Радовиш имаше исто така нестабилна облачна маса проследена со дожд и грмежи.
За грмежи и појава на град со дожд УХМР јави и за регионот југозападно од Демир Хисар и северозападно од Струга.
Вечерва на североистокот од Македонија навлезе нестабилнаолачна маса проследена со пороен дожд и грмежи која продолжи кон Крива Паланка и Кратово, а во 22 часот замина во Бугарија.
До 20 часот во Маврови Анови наврнале 4 литри дожд на метар квадратен.