понеделник, 3 март 2025
Време

Дожд, а попладне на повисоките места и снег

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2). Во попладневните и ноќните часови поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места претежно во северозападните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 3 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје, слично време со повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Синоптичарите, од утре најавуваат период на стабилно, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ