Аранжманите за проектот „Македонијо во срце те носиме“ ги спакува маестро Николче Мицевски, а видеата и комплетната реализација на проектот – составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи, се со потписот на Скендеровски продукција.
Во рамките на овој проект јавноста уште ќе ги чуе и види и Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов и Зуица Лазова. Досега нумерите од овој проект ги испеаја Ламбе Алабаковски со „Оган го гори“, Миле Кузмановски и „Налеј, налеј“, Мина Блажев – „Море сокол пие“, Наум Петрески со „Миле поп Јорданов“ и Огнен Здравковски со „Земјо македонска“.
Кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи предвиден е концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас, порачуваат од Скендеровски продукција.