сабота, 27 јули 2024

Досега против Палевски, осомничениот за убиството на Вања и Панче биле поднесени шест кривични пријави

Против Љупчо Палевски со прекар Палчо, првоосомничен за убиството на девојчето Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во минатато биле поднесени шест кривични пријави. 

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи преку соопштение одговори на новинарското прашање за тоа дали има криминогено минато Љупчо Палевски со прекар Палчо со оглед на фактот дека министерот Оливер Спасовски не можеше на прес-конференцијата да даде прецизен одговор.

„Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, ја информираме јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник. Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување“, се вели во соопштението на МВР

Инаку, новинарите на прес-конференцијата прашаа и дали може Палевски да се поврзе со некои други убиства случени во минатото, беше одговорено дека и таквите информации ќе се проверуваат..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ