четврток, 13 март 2025

Дортмунд со пресврт го победи Лил за пласман во четвртфиналето од ЛШ (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд со 2-1 славеше на гостувањето кај Лил и со вкупни 3-2 го елиминираше францускиот тим и се пласираше меѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот во Германија заврши нерешено 1-1, па Лил беше благ фаворит во денешната пресметка, но работите излегоа поинаку.

Лил почна идеално, со гол на Давид уште во петтата минута поведоа со 1-0, со тој резултат заврши првото полувреме.

Во 54. минута Емре Џан даде гол од пенал и израмни на 1-1.

Десет минути подоцна Беиер постигна гол за комплетен пресврт и водство на Борусија Дортмунд од 2-1 што беше и конечен резултат.

Борусија Дортмунд во четвртфиналето ќе игра против Барселона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ