недела, 20 октомври 2024

Дортмунд се засили со фудбалер кој во четири години не одигра ниту една минута за Манчестер Сити

„Милионерите“ попладнево го потврдија ангажманот на Јан Коуто од Манчестер Сити, кој пристигнува на позајмица со опција/обврска во целост да биде купен по крајот на сезоната.

Објавено на

часот

Сподели

Борусија Дортмунд го комплетираше трансферот на Јан Коуто, по долги преговори со Манчестер Сити беше пронајден компромис за условите под кои ќе се реализира зделката.

Бразилецот пристигнува на „Сигнал Идуна Парк“ на позајмица, со опција/обврска во целост да биде купен доколку се остварат одредени спортски резултати, се верува дека сумата за перманентен трансфер е 25+5 милиони евра.

22 годишниот Јан Коуто е член на Манчестер Сити од 2020, но нема одиграно ниту една минута за „граѓаните“, три сезони помина на позајмица во Жирона, една во Брага.

Токму со одличните партии минатата сезона во дресот на Жирона го привлече вниманието на многу клубови, а на крајот Борусија Дортмунд ја доби битката за неговиот потпис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ