сабота, 27 јули 2024
Хуманоста ги спои граѓаните за момчето на кое ФЗО одби да му даде пари за лекување

Донирајте за Лео да може да застане на нозе и да се врати во училишните клупи

По веста дека Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) не одобри пари за лекувањето на младиот Леонид кој се повреди лани на летување во Грција, Калитеа и остана врзан за кревет, социјалните мрежи се разгореа со повици за хуманост. Донации за Лео се собираат од сите страни, со цел на ова момче на кое државата му сврте грб, да му се овозможи да стане од кревет и да може да се врати во училишните клупи. За момчето се потребни 140.000 евра за лекувањето. Телефонски броеви за донација се на Т-МОБИЛЕ 143-118 и на А1 143 500.

Објавено на

часот

Сподели

Бранко Индов, татко на младиот Леонид кој со хеликоптер беше транспортиран на лекување во Виена изјави дека Фондот за здравство (ФЗОМ) денеска одбил да го покрие лекувањето на неговиот син. Донациите што претходно беа собрани од хуманите граѓани ќе покријат 3 месеци од лекувањето на Леонид во Австрија, но трите месеци кои следуваат, нема кој да ги покрие бидејќи Фондот за здравство го одбил барањето на семејството.

Семејството на Леонид Индов кој беше првиот пациент однесен со медицинскиот хеликоптер на лекување во Виена е згрозено од ставовите на ФЗОМ кои одбија да платат за третманот, со образложение, како што велат Индови, дека можел да се лекува во Македонија. Семејството прашува колку компетентни тие кои ја потпишале одлуката Леонид да не добие пари. Сега, во тек е собирањето на донации.

Се молат сите хумани граѓани кои се во можност за завртат на телефонските броеви, а повикот ќе ве чини 100 денари. Нашето малку за некого е многу. Да помогнеме за Лео.

Телефонски броеви за донација:

Т-МОБИЛЕ 143-118

А1 143-500

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ