петок, 18 октомври 2024

Донев: Системот на правосудство во Македонија е уништен, тоа го докажува и последниот избор за судии

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е стандарден извештај само стандардна форма веќе десетина години ако не и повеќе наназад, се труди да ги нотира состојбите во областа на демократијата и владеењето на правото во сите држави во светот, некои држави го прифаќаат, некои го одбиваат, некои се задоволни, некои не се задоволни. Преку тој извештај се обидуваат да ги фатат големите случаи каде има големо кршење на човековите права или владеењето на правото, немаме нешто повеќе да додадеме или одземеме од тој извештај, реално е отсликана состојбата за Македонија. За разлика од минатата и предминатата година имаме заострување на вордингот, на термините што ги употребуваат, дека имаме екстремна корупција, екстремна злоупотреба на владеење на правото и така натаму, што е факт и го знаеме сите ние. Всушност немаше ни потреба да го чекаме овој извештај, зошто и анкетите јасно тоа го покажаа“, рече Донев.

Тој во текот на своето обраќање се осврна и на две важни реченици кои него најмногу го засегнале.

„Она кое мене најмногу ме засегна и имам доста дилеми зошто е тоа така, тоа се само две реченици. Во една реченица зборува дека имаме од страна на социјадемократскиот сојуз екстремна злоупотреба на клиентелизмот, полтронство и втората реченица дека ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати реагира на таквата позиција и таквото однесување на социјалдемократскиот сојуз. Ако вие имате клиентелизам во една политичка партија, а не само во една политичка партија туку насекаде во Република Македонија и ако имате форсирање на своите членови на партијата или на своите истомисленици во тој случај имате драстично кршење на слобода на убедување и тоа не е нешто што е дозволиво и мислам дека е многу полоша и од корупцијата. Вие не можете некому да не му дозволите да не се вработи затоа што не е член на СДСМ, вие имате ситуација дека не можете ниту помош да добиете, ниту грантови од Министерството за култура  или образование, економија  и така натаму ако не сте нивни член или нивни симпатизер или нивни член. На тој начин има серозно драстично кршење на човековите права во Република Македонија и тоа е нешто кое мора да го елиминираме. За мене тоа е сериозно прашање и поврзано со ова прашање, ако вие имате мислење или ако имате убедување кое што се спротивни  од убедувањата на владејачката гарнитура во Република Македонија, во тој случај не само што се дискриминирани по тој основ, туку ви е дискриминирано правото на потрага по среќа. Луѓето си одат од Македонија, да, не само што Македонија е економски неразвиена, туку затоа што и правото по потрага на среќа ви е скратен“, потенцираше тој.

Донев на крај порача дека имате ваков уништен систем на правосудство како што го има Република Македонија нема никаде на друго место, а за тоа е и доказот за избор на судии.

„Вие не можете да имате ваков уништен систем на правосудство како што го има Република Македонија, и тоа е резултат на тоа дека ако вие бирате судии  односно бирате студенти што ќе завршат академијата за судии и јавни обвинители по политичка припадност, во тој случај не можете да очекувате да имате делење на правдата. Јас мислам дека ескалацијата на сето ова се случи по потпишувањето на договорот со Преспа“, кажа Донев.

тм

На трибината учествуваше и Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ која рече дека извештаите на сите меѓународни институции покажуваат дека минатата била година на неуспеси, без реформи и на висока корупција, што ги брка младите да заминат од Македонија

Сите овие извештаи кои што излегуваат, без разлика дали се од влади, дали се од меѓународни организации, дали се од меѓународни невладини организации, гледаме во нив е напишано она што е фактичка состојба во Македонија дека претходната година била година на неуспеси, година без реформи, година на висока корупција и година каде што продолжил тој тренд на стагнација на нашата држава, рече Муцунски.

Тој додеда дека таквите извештаи, меѓу кои и на Стејт департменотот, значат дека немало суштествен напредок по тие клучни прашања како се владеењето на правото, реформата на правосудниот систем, заштитата на човековите права, кои што се пак значајни за економски развој на државата.

И потоа, посочи, се прашуваме зошто младите се иселуваат, а тоа е затоа што младите се разочарани од состојбите кои што секојдневно гледаат како се влошуваат.

„Кај младите во моментот, со оваа власт која што во последните шест години владее во Македонија, нема надеж. И да, еконмскиот фактор е еден многу значаен фактор, но секогаш ние заклучуваме дека не е единствениот. Не веруваат во системот на државата, не се задоволни од квалитетот на услугите кои што ги добиваат од државниот апарат, нема функционален систем на јавни работи и нема некој кој што ќе се бори за да се создаде функционален систем. Бидејќи, како што гледаме не се приоритет реформи во правосудство, не се приоритет реформи насочени кон економски напредок, образование, здравство. Сето тоа што е најзначајно за да ги задржиме луѓето да останат во државата и да веруваат дека ќе има напредок, туку ние, практично, јас тоа го повторувам во последниот период многу често, имаме една заробена држава, држава каде што закони, акти се носат, дејствија и постапки се превземаат единствено да се задоволи мала група која што е сега на власт“, рече Муцунски.

Тој посочи дека сето тоа го покажуваат и анкетите на јавното мислење и дека овие луѓе ќе се борат до последниот нивни атом да не се одржат предвремени парламентарни избори, затоа што птредвремениет парламентарни избори ќе бидат единствено рефлексија на сето она што се случува сега во општеството.

„Верувам дека во следниот период тиие ќе се борат да создадат дополнителна апатија кај македонскиот граѓанин да не верува во системот, надевајќи се дека така ќе има помала излезност. Ова се луѓе кои што навидум зборуваат за демоктратија и демократски процеси, а најмалку што сакаат е соочување со демократските процеси, односно одржување на парламентарни избори, па да се види граѓаните во кого веруваат и кому ќе ја дадат нивната доверба“, истакна Муцунски.

Тој, на македонките граѓани им порача дека ќе дојдат подобри времиња и дека има надеж, затоа што има луѓе кои што ја сакаат Македонија, кои сакаат Македонија да биде напредна земја и дека тоа тие го покажуваат не само на зборови, туку веќе година дена го покажуваат на дело преку нивната работа во локалната самоуправа, преку работата во Собранието каде што ефективно се блокираат законски акти кои што се една симболика на оваа заробена држава, со цел да се заштитат компаниите и граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ