сабота, 27 јули 2024

Дончиќ урна рекорд стар четири децении (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со нов трипл-дабл го предводеше Далас до победа на гостувањето кај Шарлот од 130-104, Словенецот собори и клупски рекорд стар четири децении.

Објавено на

часот

Сподели

Дончиќ постигна 39 поени со кои дојде до бројка од 2.341 поен оваа сезона, со што постави рекорд на Далас за најмногу поени постигнати во една сезона. Претходно рекордот го држеше Марк Агуире со 2.330 поени во сезоната 1983-84.

Далас во Шарлот доминираше уште од првата четвртина која ја доби со 36-18, до крајот ја одржуваше предноста и со победа од 130-104 ја потврди добрата форма во која влезе во финишот од сезоната.

Лука Дончиќ беше убедливо најдобриот кошаркар на теренот покрај 39 поени, имаше 12 скокови и 10 асистенции. Во составот на Шарлот, Бриџис постигна 22 поени.

Резултати:
Шарлот – Далас 104-130
Филаделфија – Детроит 120-102
Торонто – Индијана 123-140
Атланта – Мајами 111-117
Милвоки – Бостон 104-91
Чикаго – Њујорк 117-128
Хјустон – Орландо 118-106
Мемфис – Сан Антонио 87-102
Минесота – Вашингтон 130-121
Оклахома – Сакраменто 112-105
Јута – Денвер 95-111
ЛА Лејкерс – Голден стејт 120-134
Феникс – ЛА Клиперс 92-105
Портланд – Њу Орлеанс 100-110

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ