Двете екипи понудија возбудлив почеток, но проблемите за Далас започнаа во втората четвртина кога Минесота стигна до 57-40, а воедно Далас остана и без услугите на Дончиќ. Последните информации велат дека се работи за посериозна повреда поради која ќе отсуствува извесен период.
Далас постојано бркаше негатива и конечно во последната четвртина намали на само два поени (99-101), меѓутоа Минесота го издржа притисокот и славеше со 105-99.
Најефикасен во победничкиот тим беше Едвардс со 26 поени, осум скокови и пет асистенции, додека Ирвинг постигна 39 поени, четири скокови и две асистенции.
Резултати:
Њујорк – Сан Антонио 117-114
Далас – Минесота 99-105
Бостон – Филаделфија 114-118
Голден стејт – ЛА Лејкерс 113-115
Феникс – Денвер 110-100