сабота, 27 јули 2024

Дончиќ не е како Јокиќ, ќе игра за Словенија и покрај тоа што ќе настапи во финале

Никола Јокиќ кога играше финале во НБА, поради замор го одби повикот за Србија, е неизвесен е и сега, за Олимпијадата, но Лука Дончиќ е верен на својата репрезентација, па ќе настапи за Словенија во Париз.

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот на Словенија објави список од 16 кошаркари, а на списокот се најде и Дончиќ.

Дончиќ го чека финалната серија со Далас против Бостон, но и покрај тоа што нема да има многу време за одмор ќе биде на теренот за Словенија во Париз. Ќе потсетиме кога Јокиќ минатата година играше финале со Денвер и го освои шампионскиот прстен, одлучи во текот на летото да не игра за Србија на Мундобаскетот бидејќи сакаше подолг одмор.

Кошаркарот на Црвена Звезда, Мајк Тоби ќе биде странецот во редовите на Словенија. Турнирот на ЛОИ во Париз започнува на почетокот на јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ