сабота, 27 јули 2024

Дончиќ ја завери победата на Далас, па го „пецна“ Дивац (ВИДЕО)

Далас синоќа со 107-103 го победи Сакраменто на негов терен, а последните поени на мечот ги постигна Лука Дончиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Дончиќ имаше уште една одлична партија, постигна 26 поени, имаше 12 асистенции и девет скокови, поефикасен од него беше Ирвинг кој реализираше 30 поени.

Кога Словенецот ги даде последните поени, се сврте кон трибините и покажа на местото каде седеше легендарниот Владе Дивац, нешто му кажа, а потоа кон својата клупа зборуваше: „Требаше да ме избере мене!“.

Дончиќ ова го направи бидејќи кога пристигна во НБА, Дивац беше менаџер на Сакраменто кој имаше шанса да го одбере токму словенечкиот кошаркар на драфтот. Но, на инсистирање на Дивац, наместо Дончиќ тие го одбраа Марвин Багли од кој подоцна не стана ништо. Дончиќ потоа беше избран од Атланта хокс како трет пик, но веднаш беше трејдуван во Далас.

Резултати:
Шарлот – Голден стејт 97-115
Индијана – ЛА Лејкерс 109-90
Орландо – ЛА Клиперс 97-100
Вашингтон – Детроит 87-96
Бруклин – Чикаго 125-108
Кливленд – Филаделфија 117-114
Мајами – Портланд 142-82
Оклахома – Феникс 128-103
Сан Антонио – Њујорк 130-126
Денвер – Минесота 98-111
Јута – Хјустон 100-101
Сакраменто – Далас 103-107

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ