сабота, 27 јули 2024

Дончиќ и повреден е незапирлив, Далас поведе во серијата со Оклахома (ВИДЕО)

Далас со 105-101 ја победи Оклахома и поведе со 2-1 во полуфиналната серија на западот, Лука Дончиќ иако игра со повредено колено, запиша дабл-дабл учинок, Бостон со 106-96 победи во Кливленд и го врати брејкот.

Објавено на

часот

Сподели

Далас и Оклахома одиграа изедначен натпревар, двете екипи се менуваа во водство, но на крајот домаќините се радуваа на триумф и предност во серијата.

Лука Дончиќ целиот плејоф го игра со повредено колено, Словенецот тешко и со болка се движи, но и таков е еден од најдобрите на теренот. Тој имаше дабл-дабл учинок со 22 поени и 15 скокови. 22 поени постигна и Ирвинг, а најефикасен во составот на Далас беше Вашингтон со 27 поени. Кај Оклахома Гилџус Александер реализираше 31 поен, имаше и 10 скокови.

И на следниот натпревар од серијата Далас е домаќин.

Бостон експресно го врати брејкот откако победи во Кливленд со 106-93. Тејтум беше најдобар со 33 поени и 13 скокови, Браун реализираше 28. Во составот на Кливленд, Мичел постигна 33 поени.

Резултати:
Далас – Оклахома 105-101 (2-1)
Кливленд – Бостон 93-106 (1-2)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ