сабота, 27 јули 2024

Дончиќ и Ирвинг ја уништија Минесота, Далас е во големото НБА финале (ВИДЕО)

Далас убедливо победи на гостувањето кај Минесота со 124-103 и со вкупни 4-1 ја освои западната конференција, на ред е големото финале против Бостон Селтикс.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот немаше ни грам неизвесност, Далас почна да го дроби противникот уште од самиот старт. Лука Дончиќ беше маестрален, во првата четвртина даде 20 поени, а неговиот тим создаде предност од 35-19.

Во текот на третиот период Далас имаше и највисока предност од дури 36 поени разлика, беше 82-46. До крајот само рутински го приведоа мечот до крај за победа од 124-103.

Рамо до рамо со Дончиќ во победата беше Кајри Ирвинг, двајцата постигнаа по 36 поени, Словенецот беше двоцифрен во уште една категорија, запиша 10 скокови.

Најдобри кај Минесота беа Едвардс и Таунс со по 28 поени, останатите потфрлија, немаше ниту еден друг двоцифрен во нивниот тим.

Далас во големото финале ќе игра против Бостон кој беше најдобар во источната конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ