сабота, 18 мај 2024

Дончиќ и Ирвинг го однесоа Далас во следното коло од плејофот (ВИДЕО)

Далас со 114-101 го победи Лос Анџелес Лејкерс и со 4-2 ја доби серијата, Орландо беше подобар од Кливленд со 103-96 и изедначи на 3-3.

Објавено на

часот

Сподели

Далас на крилјата на Ирвинг и Дончиќ се пласираше во полуфиналето од западната конференција каде што ќе се сретне против Оклахома.

Првото полувреме на синоќешниот меч беше изедначено, на одморот резултатот беше 52-52. Клучен беше третиот период кој го доби Далас со 35-20. На крајот во рутинска завршница дојдоа до победа од 114-101.

Најефикасен беше Ирвинг со 30 поени, Дончиќ постигна 28 поени, имаше и 13 асистенции. Најдобар кај Лос Анџелес Клиперс беше Пауел со 20 поени.

Орландо и Кливленд ќе играат мајсторка откако синоќа магичните го добија мечот со 103-96 и израмнија на 3-3 во серијата.

Мичел имаше фантастична партија со 50 постигнати поени, но не можеше сам, тоа не беше доволно за победа на Кливленд. Најдобар кај Орландо беше Банчеро со 27 поени, Вагнер даде 26.

Резултати:
Орландо – Кливленд 103-96 (3-3)
Далас – ЛА Клиперс 114-101 (4-2)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ