понеделник, 20 мај 2024

Дончиќ и Далас со победа се враќаат од Лос Анџелес, направија брејк против Клиперс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со одлична партија го предводеше Далас до победа на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 96-93 со што израмнија на 1-1 во плеј-оф серијата.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот беше неизвесен, двете екипи се менуваа во водство, а кога требаше да се решава победникот, Дончиќ истапи и ја донесе победата.

Словенецот мечот го заврши со 32 поени, имаше девет асистенции и шест скокови, Ирвинг реализираше 23 поени. Во поразениот тим Џорџ и Харден постигнаа по 22 поени.

Сега серијата се сели во Далас каде се играат наредните два меча.

Резултати:
Минесота – Феникс 105-93
Милвоки – Индијана 108-125
ЛА Клиперс – Далас 93-96

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ