сабота, 27 јули 2024

Дончиќ и Далас немоќни во Лос Анџелес, Клиперс поведе во серијата (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс убедливо го победи Далас со 109-97 во првиот натпревар од плеј-оф серијата, се очекуваше многу понеизвесен дуел, но гостите потфрлија.

Објавено на

часот

Сподели

Далас одигра ужасно прво полувреме, во втората четвртина постигнаа само осум поени. На одморот заминаа со негатива од дури 26 разлика, беше 56-30 за Клиперс.

Домаќините во текот на целиот меч имаа убедлива предност, а Далас во последниот период успеа само да ја намали негативата и да се избори за попристоен пораз.

Дончиќ беше најдобар на теренот со 33 поени и 13 скокови, Ирвинг постигна 31, но останатите играчи на Далас не беа на висината. Најдобар кај Клиперс беше Харден со 28 поени.

Резултати:
Бостон – Мајами 114-94
ЛА Клиперс – Далас 109-97
Милвоки – Индијана 109-94
Оклахома – Њу Орлеанс 94-92

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ