вторник, 18 јуни 2024

Дончиќ го предводеше Далас до брејк на стартот од серијата против Минесота (ВИДЕО)

Далас имаше идеално отворање на финалето на западот, победи во Минесота со 108-105 и поведе со 1-0 со што ја присвои предноста на домашен терен, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг имаа извонредна партија.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, двете екипи се менуваа во водството и ниту еден не дојде до двоцифрена предност. Финишот му припадна на Далас кој на крајот победи со 108-105.

Лука Дончиќ беше најдобар на теренот со 33 поени, имаше и осум асистенции и шест скокови, Словенецот имаше голема поддршка од Кајри Ирвинг кој реализираше 30 поени.

Таунс немаше свој ден во дресот на Минесота, постигна 16 поени, Едвардс реализираше 19, а најефикасен во домашниот тим беше Мекдениелс со 24.

И следниот меч од серијата се игра во Минесота.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ