петок, 26 јули 2024
НБА

Дончиќ доби бокс во стомак, па се одмазди на најсладок начин: Тројка за победа во последните секунди (ВИДЕО)

Далас поведе со 2-0 во финалето на Западната конференција, Лука Дончиќ погоди тројка на три секунди пред крајот за победа од 108-109 над Минесота.

Објавено на

часот

Сподели

Нова спектакуларна пратија на Лука Дончиќ за втор брејк на Далас и водство од 2-0 во финалето на Западната конференција против Минесота.

Утрово, популарните „маверикс“ славеа со 108-109 со тројка на словенечкиот ас на три секунди пред крајот.

Кошот беше особено сладок за Лука Дончиќ, го постигна преку Руди Гобер, кој претходно имаше еден неспортски потег и намерно го удри противникот во стомак.

Лука Дончиќ мечот го заврши со трипл-дабл учинок, стигна до 32 поени а притоа имаше и 10 скокови и 13 асистенции, а го следеше Кајри Ирвинг со 20 поени, од кои 13 постигна во четвртата четвртина

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ