сабота, 27 јули 2024

Дончиќ на маестрален начин го заврши магичниот декември, Детроит конечно победи (ВИДЕО)

Лука Јовиќ во голем стил го заврши декември кој беше неверојатен месец за него, Словенецот синоќа беше главен на теренот во победата на Далас од 132-122 на гостувањето кај Голден стејт.

Објавено на

часот

Сподели

Дончиќ постигна 39 поени, имаше 10 асистенции и осум скокови. Тој стана вториот играч во историјата на НБА со просек од 35+ поени, 8+ скокови и 10+ асистенции за еден месец. Тој му се приклучи на Оскар Робертсон кој таков учинок имаше во декември 1960 година.

Во составот на Голден стејт, Стеф Кари беше најефикасен со 25 поени.

Детроит конечно ја прекина неверојатната серија порази која дојде до 28 по ред. Синоќа го совладаа Торонто со 129-127. Канингем со 30 поени и 12 скокови беше најдобар кај домаќините, за канадскиот тим Сиакам постигна 35 поени.

Резултати:
Јута – Мајами 117-109
Детроит – Торонто 129-127
Индијана – Њујорк 140-126
Чикаго – Филаделфија 105-92
Минесота – ЛА Лејкерс 108-106
Голден стејт – Далас 122-132

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ