сабота, 19 октомври 2024

Дончиќ ја предводеше Словенија до победа над Венецуела, Србија убедлива против Кина

Објавено на

часот

Сподели

Венецуела пружи силен отпор против Словенија на почетокот од мечот, ја доби првата четвртина со 33-31, но потоа работите дојдоа на свое место и на крајот Словенците славеа убедливо со 100-85.

Лука Дончиќ беше играч на мечот со 37 поени, Тоби реализираше 21, а Препели 18. Најдобар кај Венецуела беше Сохо со 16 поени.

Србија со повеќе разлика очекуваното ја совлада Кина, 105-63. Србите одиграа тимски одлично, ниту еден не се истакна посебно. Најефикасни беа Богдановиќ и Маринковиќ со по 14 поени, Ристиќ постигна 13. Во составот на Кина, Жао Руи реализираше 17.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ