сабота, 27 јули 2024

Дончиќ е неверојатен, постигна 73 поени! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со 73 поени го предводеше Далас до победа на гостувањето кај Атланта од 148-143, тоа беа најмногу поени за Словенецот на еден натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ го имаше натпреварот на кариерата, Словенецот често има брилијантни партии, но овојпат се надмина себеси постигнувајќи фантастични 73 поени.

Дончиќ беше незапирлив, покрај поените, имаше и десет скокови и седум асистенции.

Во составот на Атланта најдобра беше Тре Јанг со 30 поени, имаше и 11 асистенции.

Интересно е што овие 73 поени Дончиќ ги постигна против Атланта, клубот кој можеше да го има Словенецот, но се одлучи да го трејдува и тој заврши во Далас, а тие го добија Јанг.

Резултати:
Атланта – Далас 143-148
Шарлот – Хјустон 104-138
Индијана – Феникс 133-131
Торонто – ЛА Клиперс 107-127
Мемфис – Орландо 107-106
Милвоки – Кливленд 100-112
Њу Орлеанс – Оклахома 83-107
Сан Антонио – Портланд 116-100

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ