сабота, 27 јули 2024
Крадците си заминале со плен од 500.000 евра

Донарума ограбен, страшни детали од разбојништвото во домот на голманот на ПСЖ

Објавено на

часот

Сподели

Џиџо Донарума е новото фудбалско име кое помина низ кошмар по средба со разбојници. Како што пренесуваат медиумите од Франција, денеска во утринските часови, крадци влегле во домот на голманот на ПСЖ во Париз.

Деталите се страшни, Италијанецот бил нападнат и се здобил со две исектини на главата. Потоа тој и неговата девојка биле врзани и соблечени, по што крадците почнале да „оперираат“ во куќата и си заминале со плен вреден 500.000 евра.

Џиџо Донарума заедно со својата девојка некако успеале да избегаат и да најдат засолниште во луксузен хотел во близина на нивниот дом, каде добиле помош од вработените и била повикана полиција.

Парот бил во шок по она што им се случило, па бил пренесен во болница на третман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ