сабота, 27 јули 2024

Доналд Туск: Опозицијата е подготвена да ја преземе власта во Полска

Главните опозициски партии во Полска објавија дека се подготвени да ја преземат власта, зголемувајќи го притисокот врз претседателот да го назначи нивниот кандидат Доналд Туск за мандатор на новата влада што е можно поскоро.

Објавено на

часот

Сподели

Проевропскиот опозициски блок освои мнозинство на изборите претходно во октомври, што претставува голем пресврт за Полска по осум години конфликт со Брисел за прашања кои се движат од независност на судството до правата на ЛГБТ лицата.

Претседателот Анджеј Дуда, сојузник на владејачката националистичка партија Право и Правда (ПиС), претходно изјави дека првата шанса да формира влада ќе ѝ ја даде на најголемата единствена партија во долниот дом на парламентот.

ПиС беше прв на изборите, но го загуби мнозинството. Малку веројатно е дека ќе успее да формира влада, во отсуство на коалициски партнер.

„Денеска, заедно со лидерите на демократските партии, ја потврдивме нашата подготвеност за целосна соработка и создавање мнозинство во новиот состав на парламентот“, изјави за новинарите Туск, лидер на Граѓанската коалиција, најголемата либерална опозициска група во Полска. Тој додаде дека ќе биде кандидат на опозицијата за премиер.

Деновиве Дуда треба да се сретне со лидерите на сите партии што освоија пратенички мандати. Лидерите на групите кои имаат намера да формираат нова влада, либералната Граѓанска коалиција (КО) на Туск, Третиот пат на десниот центар и Новата левица, го повикаа Дуда да не го одложува донесувањето одлука за тоа кому ќе му довери мандат за нова влада. Но, соработниците на претседателот рекоа дека Дуда нема да брза да донесе одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ