петок, 17 мај 2024

Донација од бугарската амбасада во Албанија за општина Пустец, реакција на македонската партија МАЕИ

Бугарската амбасада во Албанија донираше опрема и компјутери за општината Пустец, област населена со македонско малцинство. Овој потег на бугарската амбасада во Тирана Македонската алијанса за европска интеграција го квалификува како провокација, јави Репорт тв.

Објавено на

часот

Сподели

За МАЕИ бугарското знаме на пакетите е отворена провокација.

„Целта е да се создаде впечаток дека тука живее различно малцинство од она што го признава албанската држава, а тоа се Македонците. Државата мора да реагира бидејќи на овој простор се знае дека има само македонско малцинство. Овде признаваме две знамиња, албанско и знамето на оваа област, македонското“, изјави Ефтим Митревски, потпретседател на партијата.

Градоначалникот на Пустец, Пали Колефски ја поздравил донацијата и вели дека „знамето не е проблем сѐ додека нема политичка заднина”.

„Секоја донација што нема задни намери, која не го нарушува идентитетот на областа е добредојдена. Во моментот кога ќе дојде донација, ќе ја прифатиме бидејќи развојот на областа ни е важен. Не гледам етнички проблем, луѓето се изразија на пописот и немаше поплаки. Проблемот што го има Северна Македонија со Бугарија сметам дека треба да се реши во Скопје и Софија, а не овде во Пустец. Ние сме општина во Република Албанија. Секоја помош што доаѓа за заедницата е добредојдена“, рекол Колефски.

Бугарскиот амбасадор во Албанија, Ивајло Киров, во својот поздравен говор меѓу другото нагласил дека бугарската влада неколкупати донела помош за Пустец, опишувајќи ја својата земја како најголем донатор за оваа заедница.

Информацијата ја пренесоа и други албански медиуми и сите наведуваат дека во оваа општина живеат припадници на македонското малцинство. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ