„Чиста и безбедна вода за пиење е основен и неопходен ресурс, кој што го заслужува секој еден, без разлика на неговата локација или социјален статус. Се надеваме дека овој проблем ќе биде навремено решен и жителите на Струмица и околината ќе имаат чиста вода за пиење и користење”, изјавија од Кожувчанка ДОО.
Донација на Кожувчанка за Струмица и околните места
По донесеното решение на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со кое што се забранува употребата на вода од градскиот водовод во Струмица и околните места, поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии, Кожувчанка ДОО направи донација од околу 50.000 литри флаширана Изворска вода и околу 25.000 литри газирана Кожувчанка вода.
Објавено на
часот