„Во овие неизвесни денови за населението кое живее во близина на опожарените места кои спасот го гледаат во професионалните единици за гаснење на пожарите, нашата поддршка е насочена кон сите засегнати страни и се надеваме дека донацијата ќе овозможи олеснување на вашата комуникација и координација при активностите на професионалните екипи на терен. Нивната посветеност и храброст не инспирираат и чест е да се придонесе во нивните тековни напори. Се надеваме дека оваа донација ќе им помогне за опремување со алатки и ресурси што им се потребни за да продолжат со нивната исклучително важна работа“, изјави Мирчев.
Ангелов, на крајот од средбата изјави дека: „Секое парче опрема прави разлика во обезбедување поголема ефикасност на терен при заштитата на вегетацијата, имотите и животите на населението. Благодарни сме на А1 за донацијата. Обезбедената опрема ќе ја подобри нашата оперативна ефикасност и ефективност во борбата со шумските пожари”.
Донацијата се состои од опрема вклучувајќи и технолошки напредни апарати и треба да помогне на професионалните противпожарни екипи во нивната работа, документирање и комуникација, а и следење на состојбата на теренот, особено таму каде што има пожари.