недела, 3 март 2024

„Дон Жуан“ на Дејан Пројковски прогласена за најдобра претстава во Хрватска

Објавено на

часот

Сподели

„Одличниот „Дон Жуан“ на Дејан Пројковски во ХНК Загреб: Продукцијата е спектакуларна, сценографијата грандиозна, костимите на Дорис Кристиќ извонредно имагинативни“, се вели во објавата на весникот „Јутарњи лист“.

Режисерот Пројковски посочи оти е среќен и почестен со наградата.

„Работевме напорно со целиот ансамбл на ХНК и резултатот е очигледен. Работев со извонредни професионалци, исклучително талентирани актери и резултатот е одлична продукција. Инаку, оваа награда ја добивам по втор пат, првиот пат за претставата „Орестија“, во продукција на ХНК Сплит“, изјави Пројковски.

Според хрватскиот критичар Давор Спишиќ, Пројковски бескомпромисно го презеде и го оствари антологиското ресетирање на Молиеровиот „Дон Жуан“.

„Македонскиот режисер Дејан Пројковски конечно пристигна во Хрватска на својот аџилак. На сцената на Хрватското народно казалиште во Загреб, со несебична помош на воодушевениот ансамбл, бескомпромисно го презеде и го оствари антологиското ресетирање на Молиеровиот „Дон Жуан“. Малкумина се осмелуваат да се фрлат во таа аутсајдер позиција. Затоа што ајатоласите и шаманите во мантии од нивните алчни салони на парамоќ прават се за да ги стрелаат таквите погрешни или барем да ги откопаат и да ги хибернираат. Затоа Пројковски направи силен политички настап. Спектакуларно, но голи и ранливи во борба на барикадите на неконтаминираниот дух“, вели критичарот Спишиќ.

Освен Пројковски, на претставата работеа и Валентин Светозарев – сценографија, Горан Трајкоски – музика и Олга Панго – сценски движења.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ