Клубот од „Стемфорд Бриџ“ ова лето потроши преку 400 милиони фунти на засилувања, а бројката изнесува над 1 милијарда фунти доколку во предвид се земат и двата претходни преодни рока.
Но и покрај тоа, Челси игра далеку под очекувањата и се мачи пред противничкиот гол.
Последен пат во Премиерлигата постигнаа гол на крајот од авуст, и на последните три натпревари во Премиерлигата не успеваат да ја затресат противничката мрежа.
Лошата ефикасност на „сините“ ја искористи Доминос, пицеријата си направи добра реклама и добар мајтап на социјалните мрежи.
Пред „Кревин Котич“ е паркирано каминче на кое има голем екран на кој се води евиденција колку пици се продадени по последниот гол на Челси во Премиерлигата.
„Направивме математика, испадна дека ситуацијата е многу полоша од тоа што мислевме“ – гласеше пораката на Доминос, и сликата дека се продадени речиси 10 милиони пици.
We did the maths – turns out it’s worse than we thought pic.twitter.com/hi2eSqRIYr
— Domino’s Pizza UK (@Dominos_UK) October 2, 2023