Иако тргна од шестата позиција поради казната која ја имаше претходно, на Ферстапен не му требаше долго да дојде до лидерското место во трката кое го задржа до самиот крај и ја прослави победата.
Неговиот клупски колега, Серхио Перез заврши втор со повеќе од 22 секунди задоцнување зад Ферстапен. Место на подиумот имаше и за Шарл Леклер од Ферари.
Бодови освоија уште Луис Хамилтон кој заврши четврти, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел, Ландо Норис, Естебан Окон, Ланс Строл и Јуки Цунода.
Макс Ферстапен со 314 бодови е убедливо прв на табелата, Перез е втор со 189, а трет е Фернандо Алонсо со 149.