петок, 26 јули 2024

Доминација на Ред Бул во квалификациите за трката во Јапонија

Макс Ферстапен ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка на патеката „Сузика“ за ГН на Јапонија, до него ќе биде клупскиот колега Серхио Перез.

Објавено на

часот

Сподели

За холандскиот возач ова ќе биде 36. трка во кариерата што ќе ја почне од првата позиција. Доминацијата на Ред Бул ја комплетираше Серхио Перез кој имаше второ време во квалификациите.

Зад двоецот не Ред бул ќе биде Ландо Норис од Мекларен кој имаше трето време и возачот на Ферари, Карлос Саинц кој беше четврти.

Меѓу десетте најдобри завршија уште Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Оскар Пјастри (Мекларен), Луис Хамилтон (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари), Џорџ Расел (Мерцедес) и Јуки Цунода, на радост на домашната публика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ