сабота, 15 март 2025

Доминација на Мекларен во првите квалификации оваа сезона, Норис и Пјастри ќе стартуваат од прв ред

Новата сезона од Формула 1 започнува овој викенд со трката за Големата награда на Австралија, а од првиот ред ќе стартуваат возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Објавено на

часот

Сподели

На денешните квалификации Норис имаше најдобро време, заврши круг за 1:15.096, зад него беше неговиот клупски колега Оскар Пјастри со задоцнување од две десетинки.

Од третата позиција ќе стартува актуелниот шампион, Макс Ферстапен,а до него во вториот ред е Расел од Мерцедес.

Следуваат Цунода од Рејсинг Булс Хонда, па Албон од Вилијамс Мерцедес.

Вочите на Ферери, Леклер и Хамилтон ќе ја почнат трката дури од четвртиот ред.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ