„Аѕурите“ по втор пат стигнаа до бронзен медал во Лигата на нации откако попладнево триумфираа против домаќинот Холандија со 3-2.
Избраниците на Манчини поведоа во 6. минута, Распадори со глава спушти топка за Димарко, кој со лева биеше прецизно за 1-0.
По дваесет минути игра, Италија зголеми на 2-0, Фратези одлично се снајде, со гради смири една тешка топка и реализираше за нова радост.
Холандија заигра далеку подобро на стартот од второто полувреме, креираше неколку шанси и конечно стигна до гол во 68. минута, Бергвајн намали на 2-1.
Сепак, само пет минути подоцна Италија отвори контра а Киеза го совлада Бијлоу за 1-3. „Лалињата“ не се откажаа, мотивацијата не им се скриши и по поништениот гол на Вергост, па успеаја во 90. минута да намалат на 3-2 пред Вајналдум.
Продолжението на мечот траеше над 10 минути, Холандија притискаше, но мрежата на Донарума не се затресе по трет пат.
Овој пораз само го зголеми притисокот врз Роналд Куман и изборите кои ги прави селекторот, Холандија на последните четири натпревари прими дури 11 гола, ваква статистика последен пат имале во далечната 1962 година.