сабота, 27 јули 2024

Домашните градежници повеќе работа наоѓаат во странство отколку дома

Во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 158 247 000 денари, што е за 10,8 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во наведениот период, градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 49.822 милиони денари, што е за 16,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во првиот квартал годинава македонските градежници договориле и вршеле работа во  Германија, Црна Гора, Бугарија, БиХ и Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ