петок, 25 октомври 2024

Домашниот промет во индустријата е зголемен, на странските пазари е намален за 0,9 отсто, објави ДЗС

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 17,7 отсто, а опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 12,4, капитални производи за 1,3 и трајни производи за широка потрошувачка за 6,2 отсто.

Вкупниот промет во индустријата во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е намален за 7 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 4,9 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, пак, во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај капитални производи за 14,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 отсто, додека опаѓање има кај интермедијарни производи, освен енергија за 4,4  отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 16,2 отсто.

При тоа прометот во индустријата на домашниот пазар, во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е зголемен за 3,8 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 1,5 отсто.

За разлика од него, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај  трајни производи за широка потрошувачка за 5,5  отсто, и нетрајни производи за широка потрошувачка за 23,7  отсто, додека опаѓање има кај интермедијарни производи, освен енергија за 15,7 отсто и капитални производи за 1 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, пак, во јуни 2023 година, во однос на мај 2023 година е намален за 9,7 отсто, додека во периодот јануари − јуни 2023 година, во однос на периодот јануари − јуни 2022 година е зголемен за 5,9 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ