четврток, 24 октомври 2024

Дом за стари лица ќе се гради годинава во Пробиштип

Домот за стари лица во Пробиштип ќе се гради во текот на 2024 година. Градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов информираше дека по застој од 18 месеци на овој проект, лани во декември е потпишан договорот со Министерството за труд и социјална политика.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Предвидено е јужното крило на здравствениот дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип да стане Дом за стари лица, кој ќе има капацитет за  54 корисници. Овој дом ќе има простор од околу 2.000 метри квадратни, а неговата изградба е со финансиска поддршка  од министерство за труд и социјална политика. Од државниот буџет предвидени се 55 милиони денари.

Имаме проекти кои што многу брзо доаѓаат до нивната реализација, но имаме и такви коишто некогаш знаат да закочат и да имаа престанок на работа. Се правеше нова проектна документација, измена во тек на градба. Тоа целосно нѐ закочи околу 18 месеци. Она кое што пред неколку дена го потпишавме со министерката за труд и социјална политика значи продолжување на изградбата на Домот за стари лица во Пробиштип, рече Анастасов.

Посочува дека општините Пробиштип и Кратово мината година почнаа со услуги помош и нега во домовите на немоќни и изнемоштени лица над 65 години. Обучени и сертифицирани негуватели изминативе месеци им ја овозможуваат оваа услуга на повеќе од 40 корисници.

„За првпат влеговме во меѓуопштинска соработка со Општина Кратово, со Црвениот крст, каде што за 44 корисници на ваквата мерка се ангажирани 14 негуватели коишто неколку месеци наназад пружат помош на старите лица“, додаде Анастасов.

Во моментот, единствен функционален дом за стари лица во источниот регион има во Берово, каде се работи на зголемување на капацитетот од 39 на 67 корисници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ