вторник, 14 јануари 2025

Должниците на УЈП направиле нето долг околу 185,6 милиони евра во 2024

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 30 септември 2024 година, а неплатени до 31 декември 2024 година: по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Објавено на

часот

Сподели

На листата на должници, која е јавно достапна на веб-страницата на УЈП, има 1962 правни лица, што е помалку за седум должници од претходната листа и 3915 физички лица, односно повеќе за 69 од претходната листа.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 11.509.677.366 денари (185,6 милиони евра), односно за 309.353.404 денари (околу 5 милиони евра) повеќе од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.332.488.139 денари (182,7 милиони евра), поточно за 268.957.462 (4,3 милиони евра) повеќе од претходната листа, додека долгот за царински давачки е 177.189.227 денари (2,8 милиони евра) или за 40,395,942 (околу 650 илјади евра) повеќе од претходната листа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ