петок, 14 март 2025
Иако жителите се редовни плаќачи

Долно Лисиче со месеци тоне во ѓубре, „Комуналец“ не реагира, а в.д. директорот на работа доаѓал понекогаш

Јавното претријатие Комунална хигиена очигледно не ги есапи граѓаните, ниту се грижи за чистото низ улиците што е негова законска обврска. Доказ за тоа се жителите на Долно Лисиче кои со месеци мачат мака со смет и купишта ѓубре кое стои по улиците. Кантите се преполни, а ѓубре се става и врз и до нив, бидејќи последен пат камионите на Комуналец на ова место поминаа пред повеќе од две недели. Жителите на ова место се редовни плаќачи на сметки за услугите кои ги нуди ова претпријатие, но за тоа наместо чистота, тие добиваат смрдеа, ѓубре низ улиците и потенцијални извори на зараза. Згора на тоа, пријавуваат, но ѓубрето стои и речиси секојдневно е развлечено низ улица од улични кучиња.

Објавено на

часот

Сподели

За овој проблем се обративме на телефонските броеви на Комунална хигиена. Долго беше нашето патешествие за на крај, да добиеме информација дека купови хартија со пријави за нечисти улици и несобрано ѓубре стојат на масата на оние кај кои пријавуваме и очигледно никој не реагира, бидејќи проблемот е ист.

Според неофицијалните информации кои ги добивме, назначениот в.д. директор на кои името не му го знаеја ниту во Комуналец, ниту во Град Скопје каде се обративме, понекогаш доаѓал, а понекогаш не доаѓал на работа.

Последните податоци во архивата која се однесува на смена на директорите на ова претпријатије, а кои измени чести ги правеше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска велат дека последно за в.д. на Комунална хигиена е назначен Сабахудин Рустеми.

Во Долно Лисиче ѓубрето долго време се собираше секој петок во месецот, а сега од пред неколку месеци тоа почна да се прави секој втор петок, за на крај ѓубрето да остане на улица и повеќе од половина месец.

Образложенијата кои ни беа дадени на телефонските броеви, првично беа дека нема гориво за камионите, а потоа дека не сме само ние и дека многу улици низ главниот град го имаат истиот проблем, но без образложение зошто е тоа така и без одговор каде да се обратиме.

На Комунална хигиена им пишавме за овој проблем и на официјалната фејсбук страница од каде првично, пред еден месец, ни рекоа дека ќе пријават, а сега веќе не ги ни отвораат нашите пораки.

Последно се обративме до Град Скопје од каде ни рекоа дека ќе пренесат и дека ќе не побараат за да ни биде објаснето се во врска со обој проблем.

Ги прашавме како граѓаните на друг начин, ако не преку медиумите да си најдат решение за овој проблем, на што не ни дадоа одговор. Кратко по овој разговор, од Град Скопје ни ветија дека овој проблем ќе биде решен и дека ѓубрето ќе почне да се собира секој петок, како што било пракса претходно.

Остануваме со надеж дека улиците, не само во Долно Лисиче, туку и на сите места каде што ѓубрето стои подолго време и само се трупа, ќе бидат исчистени и граѓаните ќе ги добијат услугите кои им следуваат и за кои плаќаат.

Бидејќи на овој начин, вака како што стојат работи и како што се трупа ѓубре по улиците, само се добива впечаток дека во претпријатијата со кои раководи Арсовска се заспани и дека никој не ги есапи пријавите на граѓаните.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ