сабота, 27 јули 2024
Повикуваат на одговорност на менаџерите

Долниот дом на швајцарскиот парламент гласаше против државни гаранции за Креди свис

Објавено на

часот

Сподели

Исходот на гласањето сепак ќе бара постапка на смирување, која ќе биде почната денес. Владата вети 109 милијарди швајцарски франци (121 милијарда долари) во случај пропаднатата банка да не може да ги подмирува обврските. Парламентарците ги критикуваа менаџерите на банката, но и финансискиот регулатор и комуникацијата на владата, која указот го усвои во недела навечер и со тоа ги доведе институциите пред свршен чин.

Бројни парламентарци бараа усвојување на нови прописи за да се намалат ризиците кои приватните, системски важни банки ги претставуваат за федералниот буџет и економијата во целост. Парламентот побара од владата да истражи дали можат водечките менаџери да се сметаат за одговорни за ситуацијата во која се најде банката.

Креди суис ја изгуби довербата на клиентите и инвеститорите по годините ризично работењето и огромните загуби кои се мерат во милијарди франци. Ѝ пресуди пораката на најголемиот акционер, саудиска банка, дека повеќе нема да ги покрива дупките во билансот на банката.

Клиентите ги повлекоа парите од Креди суис и ѝ се закани неликвидност. Според владиниот план за спасување, ситуацијата ја спаси УБС преземајќи ја Креди суис за само три милијарди франци, со државни гаранции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ