Иако главната турстичка сезона помина, голем бројот на туристи топлиот септември ќе го искористат за да го потрошат својот годишен одмор.
Сепак, поголем е бројот на возила кои од Грција, низ Македонија, се движат кон Србија, а оттаму и кон Хрватска или Унгарија, потоа и кон други европски држави.
Според информациите од патници, викендов за влез во Србија кај Табанвце се чекало и до два часа. Викендот се поклопи со враќање на дел од туристите и поради почетокот на училишната година, а голем е и бројот на гастарбајтери од регионот кои се враќаат во земјите на ЕУ откако одморите ги минале во родниот крај.
Според информациите од патници, како и од медиумите од регионот, најдолго се чека на граничниот премин Батровци – Бајаково, за влез во Хрватска од Србија, каде колоните возила се долги со километри. Таму викендов се чекало и по 6 часа за да се влезе во Хрватска. Со часови се чека и на Хоргош за влез во Унгарија од Србија.
П.Џ.