сабота, 27 јули 2024

Доларот го губи својот статус побрзо од што се очекуваше

Објавено на

часот

Сподели

Уделот на доларот во глобалните резерви е намален минатата година десет пати побрзо од просекот во последните две децении, а неколку земји побараа алтернативи по руската инвазија на Украина која иницираше санкции, наведе аналитичарот на компанијата Еуризон Стивен Јен.

Ако се набљудува движењето на валутата, доларот изгубил 11 отсто од пазарниот удел од 2016 година, што е двојно повеќе од 2008 година, наведува Блумберг.

„Доларот во 2022 година доживеа шокантен пад на пазарот како резервна валута, веројатно поради својата слаба употреба поради санкциите“, вели Јен.

Како што наведуваат медиумите, минатата година индексот на употребата на доларот пораснал за дури 16 отсто, откако конфликтот во Украина поттикна раст на глобалната инфлација на ширење на растот на каматните стапки, што влијаеше на пад на пазарот на обврзници и валути. На крајот на минатата година индексот пораснал за 6 отсто.

Помалите држави експериментираат со „дедоларизацијата“, додека Кина и Индија се обидуваат да ги интернационализираат своите валути за трговија, откако САД и Европа ги исклучија руските банки од глобалниот финансиски систем за размена на пораки, познат како СВИФТ.

Постои и загриженост дека доларот би можел да стане трајно политичко орудие или да се користи како облик на економско државно управување, за да се изврши дополнителен притисок врз земјите да спроведат санкции против Русија.

Американската валута сега сочинува околу 58 отсто од вкупните глобални официјални резерви, што е помалку во однос на 73 отсто од 2001 година кога беше несомнена хегемониска резерва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ