петок, 18 октомври 2024

Доларот дополнително ослабе, цените на нафтата паднаа

Објавено на

часот

Сподели

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на останатите шест најважни светски валути, се движи околу 101,47 бода, додека вчера изнесуваше 102,07 бода.

Притоа курсот на доларот кој јапонскиот јен падна од вчерашните 133,60 на 133,20.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.0985 долари, додека вчера беше 1,0925 долари.

Цените на нафтата, пак, изгубија дел од вчерашната добивка. Цената на барелот на лондонскиот пазар падна утринава за 0.33 отсто, на 87,05 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини 0,28 отсто на 83,05 долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ