сабота, 27 јули 2024

Документот за опасните домати со пестициди не е доволен доказ за ОЈО да постапува по допрен глас

Објавено на

часот

Сподели

За квалитетот на увезената храна во земјава Обвинителството ја упати нашата редакција да се обрати до Агенцијата за храна и ветеринарство и соодветните инспекциски служби.

Квалитетот на увезената храна во земјава се контролира од Агенцијата за храна и ветеринарство и соодветните инспекциски служби. Доколку која било институција, правно или физичко лице располагаат со прецизни информации за сторено кривично дело, имаат законска обврска да ги достават до надлежните органи за соодветно постапување.​ Јавното обвинителство ги следи сите информации, но за една информација да се смета за доволен основ да претставува допрен глас за поведување кривична постапка, таа треба да содржи конкретни податоци за тоа кога и каде бил извршен спорниот увоз во конкретниот случај, од кој увозник, кредибилни податоци за земените мостри и извршените анализи кои упатуваат на небезбедност на храната во смисла на кривично-правна одговорност, информации за евентуални предизвикани штетни последици врз здравјето на луѓето или наводи кои упатуваат на злоупотреби или несовесно постапување на одредени служби“, стои во одговорот од Обвинителството.

Официјалните документи со анализа на домати направен во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје што покажаа дека во земјава има домати со недозволена концентрација на пестициди, за Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) се сомнеж.

Во одговор за МКД.мк од таму велат дека се работи за мостри на домати што не се официјално земени од надлежните инспекциски органи, туку од физичко лице и доставени во Факултетот. За нив нема никаков доказ за потеклото на доматите и од каде се земени мострите и затоа резултатот од страна на АХВ се смета за сомнеж. Но барем засега на овој сомнеж нема никаква реакција. 

                                                                                                                                                                К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ