среда, 11 декември 2024

Документарец за Перо Ловшин, првиот панк рокер во Источна Европа

Во Кинотеката денеска и утре од  20 часот  ќе биде прикажан долгометражниот музички документарен филм „Перо Ловшин – Ти можеш“ кој ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа, кој ќе биде  гостин на проекциите. Како фронтмен на „Панкрти“, со текстовите и активизмот Ловшин одбележал цел еден период од историјата на Словенија.

Објавено на

часот

Сподели

Режијата на филмот е на Јани Север, кој е и автор на сценариото заедно со Стојан Пелко. Улогите во филмот ги толкуваат: Ловшин, Биг Фут Мама, Присмојени професори блуза.

Филмот го опфаќа периодот на анархизмот и бунтовноста на 1970-тите години, независноста на Словенија, демонстрациите во центарот на Љубљана, сè до учеството на UEFA Euro 2000 во Амстердам.

-„Панкрти“, формирани во 1977 во мала населба во околината на Љубљана, се најверојатно првиот панк рок бенд во тогашниот источен блок, зад железната завеса. На самиот почеток свиреле преработки од етаблирани панк и рок групи како Sex Pistols, The Clash, New York Dolls. Биле дел од сега веќе легендарната компилација Novi Punk Val. Во 1980 го објавуваат нивниот прв долгосвиречки проект, винил албумот „Dolgcajt“. Препознаени по ангажираните социјално-политички текстови и коментари, „Панкрти“ стануваат култен бенд на територијата на некогашна Југославија. Нивниот втор ЛП „Državni ljubimci“ доживеа одличен одѕив меѓу критиката и публиката и беше прогласен за југословенски албум на годината, информира Кинотеката.

Во 1996 настапија како предгрупа на нивните идоли „Секс Пистолс“, во рамките на настапите низ Словенија. Застапени се и во рок документарецот „Среќно дете“ (Sretno dijete) во продукција на Рајко Грлиќ.

Кинотеката ги организира проекциите на филмот заедно со Словенечки центар – Скопје по повод Прешернов ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ