петок, 18 октомври 2024

Доктори од Ниш работеле 12 викенди без плата, ги решиле чекањата: „Парите не се најважни“

Објавено на

часот

Сподели

„По речиси 100 дена работа и 12 последователни работни викенди целта што ја постави нашата Клиника за кардиохирургија УКЦ Ниш да се елиминираат сите листи на чекање за кардиоваскуларни операции е остварена. Листи на чекање од денес на нашата клиника не постојат и ниеден пациент кој ќе ја мине анестезиолошката амбуланта нема да чека операција подолго од 5 до 15 дена. Од утре клиниката се враќа во редовниот режим на работа“, напиша тој на Фејсбук.

„Листата на чекање со 149 болни на почетокот на оваа година премина во листа на закажување на која сега се наоѓаат 42 пациенти! Операциите кои минатата година се чекаа 2-4, а некогаш и 6 месеци повеќе нема да се чекаат“, кажа д-р Милиќ.

Наведе дека во 100 дена биле извршени вкупно 248 операции, додека минатата година во исто време биле извршени 117.

„Само во март оваа година беа направени неверојатни 98 операции! Бројот на хоспитализирани болни во првите 3 месеци минатата година беше 145, а оваа дури 353! Бројот на амбулантни прегледи во периодот јануари-март изнесуваше 3.014, а минатата година 1.467“, напиша тој.

Истакна дека во однос на минатата година се удвоил бројот на операции, прегледи и хоспитализации.

„Само стапката на смртност остана иста – под 2 отсто (1,98 отсто) вклучувајќи ги итните случаи. Никој од пациентите кои беа оперирани за време на викендот не почина (имаше сомнеж дека за викенд се губи концентрацијата во работата па и дека со тоа опаѓа квалитетот на работата)… Оваа претпоставка не се покажа како точна“, напиша Драган Милиќ.

„Горд сум на целокупниот персонал на клиниката кој упорно и пожртвувано го издржа ова екстремно силно темпо на работа и го исполни ветувањето дека ќе ги елиминира листите на чекање. Бидејќи работата за викенд не беше платена докажа дека постојат поважни работи од парите – а тоа е грижата за пациентот. Грижата за оние луѓе со кои живееме, кои можеби ги сретнуваме во градот а не сме ни свесни дека им е потребна помош“, порача директорот на клиниката во Ниш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ