Брзата реакција, велат тие, успеала да спаси многу млади луѓе кои биле во катастрофално тешка состојба, а сега се веќе стабилни.
„При вакви ненадејни катастрофи, очигледно никој не може да предвиди нешто вакво, па мора да се одговори многу брзо. Мислам дека во целина, првичните донесени одлуки беа многу добри. Мораа брзо да направат тријажа и да одредат кои се најтешко повредени, а станува збор за голем број на пациенти. Секоја земја би била преоптоварена ако има 150 пациенти со изгореници во рок од неколку часа. Но, овде беше направена брза тријажа и донесена беше вистинска одлука да ги испратат најтешко повредените надвор од земјата, зашто дури и посилни и поголеми установи не можат да се справат со толку голем број пациенти“, изјави еден од лекарите од Израел.